Бејли: Македонија ќе заглави ако нема одговорност за „Пржино“, медиумите СЈО и содржината во бомбите

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Ви пренесуваме дел од интервјуто на амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, за Утрински весник:

бејли

Јавноста со внимание ја очекува претстојната посета на помошникот-државен секретар Викторија Нуланд. Со какви пораки или предлози ќе дојде таа в понеделник?

Нашите пораки се исти со тие што ги кажаа пријателите од ЕУ. Сега е најважно да се имплементира договорот од Пржино и да се отвори пат за изборите од страна на четирите политички партии. Кои чекори треба да бидат преземени? Доколку може да се одржат избори, тие не треба да бидат одложени. Тие може да ја одведат земјата напред со влада која е целосно легитимна и не е инфицирана од скандали.

Ургентните реформски приоритети очигледно се тука, исто така. Постојат старите прашања за владеењето на правото и за медиумите, така што многу е важно владата да исчекори напред околу нив. И трето е прашањето на одговорноста што го вклучува Специјалното јавно обвинителство, бидејќи ако не се воспостави одговорност за прислушуваните разговори и за содржината откриена во нив, земјата ќе остане заглавена во кризата.

/…

Врз основа на извештаите на ЕУ, на нашите оценки, па и на анкетите на македонските граѓани, постои недоверба во вашиот судски систем. Процесот што се бара е предизвик за судството и според нашето искуство што го имаме од работата со судовите и јавните обвинителства, верувам дека има судии во Македонија кои се сосема способни да процесуираат случаи на непристрасен начин, во согласност со правилата и процедурите. Тоа е вистински предизвик за интегритетот на судскиот систем и одговарањето на тој предизвик ќе ви помогне земјата да оди напред.

Целото интервју на Утрински весник.

Слични содржини