САД- ЕУ: Не се исполнети условите за избори на 24 април, 5 јуни како можна алтернатива

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Амбасадорот на САД Џес Бејли, во заедничка изјава со претставниците на ЕУ во земјава пред малку пред Владата на РМ соопштија дека нивната проценка е дека нема услови за организирање на кредибилни избори за предвидениот датум 24 .април.

1618557_10154341471034239_5334883290094231477_n

Како што рече Бејли, датумот останува да го одредат политичките партии, меѓутоа доколку нема услови за 24. април, тие препорачуваат избори да бидат закажани до најскоро можниот ден кога ќе бидат завршени реформите. Бејли нотираше дека се уште не се донесени реформите за медиумите и сериозно треба да се работи на препораките од Прибе, односно итните реформски приоритети.

128872

Тој ги повика на одговорност сите инволвирани во Договорот од Пржино да работат што побрзо да се затворат проблематичните прашања за кои се уште се преговара.бејли

Амбасадорот не одговараше на новинарски прашања.