Бејли: Одлуката за датум на изборите ја носи Парламентот, не Меѓународната заедница

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Џес Бејли и Аиво Орав гости во емисијата 360 степенина на АлсатМorav bejli1

Амбасадорите на САД и ЕУ немаат јасен одговор на прашањето дали Македонија е подготвена за предвремените избори да се одржат на 5 – ти јуни. Џес Бејли и Аиво Орав во своето писмот од 22 – ри февруари јасно наведоа три услови за фер и слободни избори во земјава.

Каков е ставот на амбасадорскиот двоец месец и половина откако побараа прочистување на избирачкиот список, медиумските реформи и оневозможување на појава на заплашување на гласачи и притисоци врз администрацијата?

„Дозволете ми ова да го ставам во една перспектива. На 22-ри февруари, верувам дека така беше, се почувствувавме приморани да кажеме дека одредени услови не се исполнети, конкретно тоа се однесуваше на Државната изборна комисија и подготовките на избирачкиот список. Од тогаш се спроведени вкрстените проверки, се спроведуваат теренски проверки и исто така во МВР, од страна на државниот секретар, се одвиваат низа административни проверки. Така што, сега она што граѓаните, парламентот и други треба да го прашуваат е дали тие работи се одвиваат како што треба. Друго прашање што отворивме е дали има процес што треба да ги отстрани имињата на оние кои се идентификувани дека треба да бидат отстранети од списокот и потоа, секако, процес на жалба. Сега, според законите и прописите, за тоа се потребни до 4 месеци и затоа има предлог за скусување на тој период за 10 дена пред изборите да може да се има прочистен список. Тоа е уште една област што треба да се разгледа кога луѓето поставуваат прашања. На крајот, парламентот е тој што ја носи одлуката за датумот на избори, а не меѓународната заедница“, рече Бејли  за емисијата 360 на  Alsat M.