Бејли по средбата со Иванов: Масовното помилување е еднакво на неказнивост и е пречка за веродостојни избори

од desk3
124 прегледи

Американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли, денеска по средбата со претседателот Ѓорге Иванов повторно ја осуди одлуката за сопирање на судските процеси против политичарите и повика да се избегне насилството.

„Масовното помилување е еднакво на неказнивост и е еднакво на пречка за веродостојни избори и евроатланскиот пат. Мирните демонстрации се фундаментално право. Насилството и вандализмот – не“, твитна Бејли.

Бејли и евроамбасадорот Аиво Орав денеска попладне се сретнаа со претседателот Иванов. На средбата, за која чекаа два дена, е разговарано за одлуката за аболиција. Сепак, повеќе детали не се откриваат.

Иванов во обраќањето до нацијата рече дека политичката криза во земјата е креирана и увезена однадвор и оти тој сам ја донел одлуката, која има цел да стави крај на ситуацијата што не успеа да се надмине со Договорот од Пржино.