
Кандидатот на ДУИ за Општина Гостивар, Невзат Бејта ги продолжи изборните активности за промовирање на изборната програма за следните четири години. Бејта посебен акцент посвети на поставувањето на водоводна мрежа. Тој, меѓу другото, вети зголемување на нивото на вработеност во Гостивар, организирање на јавен превоз, како и решавање на проблемот со регионалната депонија.
“Во градот Гостивар ќе организираме јавен превоз, изградба на подземни контејнери, одржување и зголемување на зелените површини… За прв пат ќе се изврши отворање на читална во нашиот град, отворање на уметничка галерија и на градски музеј, отворање на центарот за згрижување на стари лица и бездомници“. – изјави Невзат Бејта, кандидат за градоначалник на Гостивар