Бекам лансира сопствено ТВ шоу

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Легендата на Манчестер Јунајтед и Англија, Дејвид Бекам ќе води сопствено телевизиско ток-шоу посветено на Лигата на шампионите, пишува The Sun. Шоуто ќе се емитува на CBS Golazo во САД, а меѓу гостите се очекува да бидат и холивудски ѕвезди како Рајан Рејнолдс и Том Круз.

„Навистина сум возбуден – ќе се собереме со пријателите, ќе пиеме чаша вино, ќе ги гледаме натпреварите и ќе имаме интересни разговори“, изјави Бекам за американската телевизија.

Ова ќе биде негово прво искуство како водител, по успехот на неговата документарна серија „Beckham“ на Нетфликс, која понуди уникатен поглед од зад сцената на животот на поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Л.А. Галакси. Според изданието, новото шоу би можело да биде „отскочна даска“ за телевизиската кариера на Бекам, а дури се зборуваше дека тој би можел да стане наследник на Гери Линекер како фудбалски водител.

Првите две епизоди од новото шоу на Дејвид Бекам ќе се емитуваат во живо од Лондон и ќе ги покриваат реваншите од полуфиналето на Лигата на шампионите – Интер против Барселона и Пари Сен Жермен против Арсенал, кои ќе се играат на 6 и 7 мај.

Слични содржини