Лионел Меси има договор со Интер Мајами до крајот на 2025 година и многумина веќе зборуваат за иднината на Аргентинецот.
За ова зборуваше и првиот човек на клубот Дејвид Бекам.
Многумина веруваа дека еден од најголемите фудбалери на сите времиња ќе остане во САД, но легендарниот Англичанец откри дека размислува поинаку.
Имено, победникот на Светското првенство во 2022 година со Аргентина сака по завршувањето на кариерата да живее во Европа, во неговото омилено место – Барселона.
– Би сакал Меси да живее во Мајами откако ќе се пензионира, но Лео ми кажа дека размислува да живее во близина на Камп Ноу. Нема играч кој ја сака Барселона како него. Можете да го видите логото на Барса на неговата нога, па дури и на шишето со вода, рече Бекам.
За потсетување, Меси е член на Интер Мајами од јули 2023 година, а во клубот дојде од Пари Сен Жермен.