Бекам нема право да вози во следните 6 месеци

од Vlatko K
137 прегледи

Тежок удар за поранешната фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам. Се работи за возачката дозвола на
легендата на Манчестер Јунајтед, која му беше одземена за наредните шест месеци.


Одлуката е конечна и доаѓа од судот во Лондон. Причината за одземањето на неговата дозвола е
користење на мобилен телефон додека бил зад воланот на своето Бентли.

„Дејвид Бекам е со запрени возачки права за шест месеци, решија судиите во Бромли. Ова доаѓа по
одземањето на шест поени поради користење на мобилен телефон за време на возење на своето
Бентли во западен Лондон“, соопштија АП.