Бекамови изненадени од врската на синот со Хари и Меган

од Љубиша Владимиров
440 прегледи

Бруклин Бекам и неговата сопруга Никола Пелц започнале блиско пријателство со принцот Хари и Меган Маркл, што, според извори блиски до семејството, ги изненадило неговите родители – Дејвид и Викторија Бекам. Сасексите, кои некогаш беа блиски со славниот британски пар, се вели дека сега „тајно ги поддржуваат“ младите Бекамови, бидејќи, како што пренесуваат добро информирани извори, и самите поминале низ слични семејни предизвици и медиумски притисоци.

Според медиумски извештаи, Хари и Меган неодамна ги поканиле Бруклин и Никола на вечера во нивниот дом во Монтецито. Таму, Меган и Никола воспоставиле блиска врска, разговарајќи за заедничките искуства како жени обвинувани од медиумите дека „разделуваат семејства“ и се вмешуваат во односите на нивните сопрузи со нивните родители. Ова ново и неочекувано пријателство, сепак, наводно било шок за Дејвид и Викторија, особено имајќи ја предвид нивната мината расправија со Сасексите. Извори блиски до Бекамови за британскиот „Сан“ изјавиле:

„Дејвид и Викторија беа изненадени од оваа вест – навистина не го очекуваа тоа. Малку им е непријатно, бидејќи порано и самите се дружеле со Хари и Меган, а сега тоа го прави и нивниот син. Дејвид никогаш не изразил омраза кон Хари, напротив, секогаш бил љубезен и сè уште понекогаш комуницира со него.“

Бруклин го запозна принцот Хари уште во 2011 година, кога имаше само 13 години, на доделувањето на едни награди. Бекамови беа и меѓу гостите на кралската свадба на Хари и Меган во 2018 година. Но, односите се влошија кога Меган и Хари почнаа да се сомневаат дека Викторија Бекам е извор на медиумски приказни за тоа како ѝ помагала на Меган со модни совети. Викторија остро ги негираше обвинувањата, а Дејвид, според извори, бил „апсолутно бесен“ поради целата ситуација.

И покрај сè, новото пријателство меѓу Бруклин, Никола и Сасексите изгледа дека продолжува, додека останува нејасно дали и кога ќе се поправат односите меѓу двете славни семејства.

Слични содржини