Беќаровски: Како да му кажеме на тој што прележал тешка форма на болеста, дека треба да се вакцинира веднаш после првите 45 дена?

од Nikola Popovski
315 прегледи

Ако еднаш има антитела, граѓанинот го прелажал коронавирусот и тоа стои, вели д-р Нико Беќаровски околу одлуката за влез во угостителски објекти и на други локации опфатени со мерките, со потврдата за прележан ковид, но само првите 45 дена, сметајќи од денот кога оздравеле.

Според него, поради ова имало и револт меѓу здравствените работници во клиниките.

-Имаше луѓе кои навистина тешко го прележаа вирусот и кои што знаат како им беше. Како да му кажеме на пациент кој прележал во август, тешка форма на болеста, дека треба да се вакцинира на 15-ти? Таа одлука за тие 45 дена е премалку, треба подолг период до примањето на вакцина, смета Беќаровски.

Тој се сложи дека трета „бустер“ доза треба да примат изложените на ризик од корона вирус, оние над 60 години и тие имунокомпромитираните лица,

Слични содржини