„Најголем процент на пост-ковид синдромот е зафатеноста на белите дробови. Сега вирусот проаѓа, но тоа ткиво никогаш не може да се врати во нормала како претходно“, вели д-р Нико Беќаровски за емисијата „24 анализа“, коментирајќи повеќе за состојбата на ковид-пациентите кои што го прележале вирусот.
Според него, ако претходно сме со 100 проценти витален капацитет, зависно од оштетувањата, сега тој капацитет е намален.
„Човек кој не може да внесе доволно кислород, полесно се уморува, потешко дише, најмали пречки му создаваат проблем. Кај голем дел од останатите пациенти имаше воспаление на срцевиот мускул. Тој делумно ќе се врати во нормала, но кај дел нема да се врати, без оглед што станува збор за вирусна инфекција. За оштетувањата на крвните садови да не зборувам. Исто така има и голем проблем со шекерот кај некои“, информира Беќаровски.