Беќаровски: Не знам зошто Спутник V e подобра од АстраЗенека, науката вели сите вакцини се добри

од Nikola Popovski

„Кај 15-тиот ден дел од медицинските лица веќе имаа антитела. Кај мене се појавија на 4-тиот ден. Создавањето на антитела значи дека сте создале и мемориски имунитет. Нема лекар кај нас кој се вакцинирал, а не развил имунитет“, вели доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, за емисијата „Студио 10“.

Тој напомена дека иако е вакциниран, се уште постои можност да ја пренесе болеста, па затоа нема да ја фрли маската затоа што тоа би било себично од негова страна.

„Ние веќе требаше да почнеме со масовна вакцинација, за да барем видиме дел од сонцето ова лето. Науката докажа дека сите вакцини се добри. Не знам зошто Спутник V е подобра од Астразенека“, истакна Беќаровски.

Слични содржини