411
Вирусот е како најпрецизен снајперист. Тивок, невидлив, подмолен.Само вчера успеа да “рани” најмалку 999 луѓе и да “убие” 14, напиша на својот Фејсбук профил доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија.
-А кога државата ни е преплавена со “снајперисти” нормално е да се ограничи движењето, за да се намалат жртвите.И да во целост се согласувам дека сите кои веќе беа “ранети” од овој убиец знаат подобро да се заштитат од нас “истренираните”.А “цивилите” кои не веруваат дека сме под “вкрстен снајперски оган” еден ден ќе разберат дека ограниченото движење, можеби им го спасил животот.Премногу жртви дадовме за да се надмудруваме.А генерали, ќе има илјадници по завршената војна, денес и сега мора да е еден !!!, пишува Беќаровски.