Беќаровски: Во 21 век да бидеш против дигитализација е исто како да бараш повторно црн-бел телевизор

од Берта Китинска
985 прегледи

Најавата за дигитализацијата во образованието предизвика бура од реакции во јавноста. На ова тема  преку свој Фејсбук статус порака испрати и  доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија.

-За триесет години успеавме еден од најдобрите образовни системи, да го трансформираме во најслаб во цела Европа. На сите меѓународни тестирања “блескаме” со фенерот во рака.

Парадоксот да е уште поголем, сега ќе бојкотираме било какви промени.

Па барем истакнете парола:

“Сакаме да сме последни. Ќе бојкотираме ако сме претпоследни”.

И со учебници, и со дигитални книги, се додека нема барем 10% ученици кои ќе ја повторуваат година, максимум до 20% да бидат одлични, да биде НАЈСТРОГО КАЗНИВО ДЕЛО, вршење притисок врз наставник да поправи оценка, НЕМА ОБРАЗОВАНИЕ, ТУКУ САМО ПРАЗНИ ДИПЛОМИ.

П.С. во 21 век да бидеш против дигитализација е исто како да бараш повторно црн-бел телевизор, или да слушаш музика на магнетофон, пишува Беќаровски.

Слични содржини