Беќаровски: Во состојба на Ковид пандемија, за 30% се зголемени обидите за самоубиство и труење

Во рамки а актуелната Пандемија од Ковид , д-р. Нико Беќаровски во своето гостување во Студио , потенцира дека во последните месеци се зголемени обидите за самоубиства, како и труење со киселина и тоа за 30%.

„Состојбата во моментов е алармантна, кај голем дел од персоналот се јавија знаци, околу 20 осто се зафатени од болеста. Од 16 лекари, 4 лекари се позитивни, слично е и со сестрите. Тековните работи ни се зголемени, последниве неколку месеци суицидални обиди се зголемени, обидите за самоубиства со труење со киселина е зголемен за 30%. Психички полабилни особи овој притисок не можат да го издржат“,истакна Беќаровски и додаде:

„Тековните работи ни се зголемени, последниве неколку месеци суицидални обиди се зголемени, обидите за самоубиства со труење со киселина е зголемен за 30%. Психички полабилни особи овој притисок не можат да го издржат. Секој ден има напади на медицискиот персонал, протоколите создаваат дополнитена гужва, па добро е што пред сите центри ќе има војска и ќе се ублажи оваа состојба. Нови симптоми на Ковид 19 се појавуваат секој ден, кај голем дел од оние кои прележале во првиот бран се забележуваат знаци на затегање на срцевиот мускул и други проблеми. Треба да се очекуваа компликации од вирусов, тој ги зафаќа сите органи“.

Според него, секој ден има напади на медицискиот персонал, протоколите создаваат дополнитена гужва, па добро е што пред сите центри ќе има војска и ќе се ублажи оваа состојба.

Слични содржини