234
Поразот на Новак Ѓоковиќ од јапонскиот тенисер Таро Даниел во вториот круг на „Мастерс“ турнирот во Индијан Велс шокираше многумина. Србинот не беше во вистинска форма и изгледаше уморен, но неговиот поранешен тренер Борис Бекер даде одговор за причините за лошата физичка форма на Ноле.
Според шестикратниот Гренд слем шампион, Ѓоковиќ не е доволно посветен на тенисот.
„Тој е среќен семеен човек кој многу време поминува со својата сопруга и децата, но за да биде број 1 во светот мора да биде 100% посветен на овој спорт во секое време. Тој е паметен човек и знае што да прави. Тоа се вика „жртва“, рече Бекер во интервју за Си-Ен-Ен.