Легендарниот тенисер Борис Бекер во затворот Вандсворт ќе има неколку необични улоги, а за другите затвореници ќе биде фитнес тренер.
Бекер пред три дена беше осуден на две и пол години затвор поради криење имот и потоа прогласен банкрот и веќе почнал да ја издржува казната.
Славниот тенисер, кој три пати го освојуваше Вимблдон, сместен е во познатиот затвор Вандсворт каде веќе го поминал викендот. Казната би можела да премине во условна доколку нејзиното одлежува е во согласност со прописите во првата половина.
-Она што е интересно е дека Бекер ќе има улога на фитнес тренер и инструктор во теретана во затворот, потврди поранешниот гувернер Џери Петерик во интервју за „The Sun“.
-Теретаните се мошне популарни во затворите. Тоа е работа што многумина ја посакуваат, но предупредувам дека полицајците не сакаат да покажуваат знаци на фаворизирање, рекол Петерик.
Исто така, Бекер би можел да ги научи затворениците како да играат падел, необичен спорт со рекет и топка кој е многу популарен во овој лондонски затвор.
Наводно, затворениците допрва треба да се сретнат со тениската легенда. Бекер викендов во затвор го посетила неговата мајка и открила дека поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ донел тениско топче во затворската ќелија.