Бекер на суд затоа што не ги предал трофеите од Вимблдон

од Stefanija Kuzmanovska

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер се појави денеска на суд во Лондон, обвинет дека не предал два трофеја од Вимблдон, кои требало да ги продаде за да ги подмири долговите.

Бекер, кој прогласи банкрот во 2017 година, не предал два трофеја од Австралија опен, според новото обвинение од 28 точки, во кое се тврди дека тој не се придржувал до наредбата за откривање на информации.

Бекер се изјасни како невин по сите обвиненија.

Тој наводно криел имот и 1,3 милиони долари на банкарски сметки.

Бекер требало да предаде трофеи од Вимблдон во 1985 година, кога како 17-годишник стана најмладиот освојувач на трофеј на тој грен слем во Лондон, како и од 1989 година, пренесува Бета.

Тој исто така го освои Вимблдон во 1986 година. Го освои Австралија опен во 1991 и 1996 година.

Бекер живее во Лондон, а беше известен дека судењето ќе започне во септември следната година.

„Тој е решен да се соочи и да ги оспори сите обвинувања и да го врати својот углед“, рече адвокатот на Бекер.

Слични содржини