Борис Бекер, поранешниот најдобар тенисер во светот, моментално отслужува затворска казна од две и пол години.
Трикратниот шампион на Вимблдон моментално се наоѓа во затворот Вандсворт во Лондон во специјален приемен оддел, пред подоцна да биде распореден во други единици со други затвореници.
Моментално е сам во ќелијата, а бил затворен во периодот од 20 до 07 часот.
Според островските медиуми, Германецот веќе наишол на првите проблеми, а на пријателите им се пожалил на лошата храна во затворската менза.
„Во моментов му е многу тешко да се навикне, а најлошо е со храната. Не може да поверува колку се мали порциите. Еден од неговите први оброци било солено говедско месо, кое воопшто не било добро. Тој ќе мора да се навикне на тоа“, откри еден од неговите пријатели.
Ова не се сите маки на германскиот стручњак, кој во последните години имаше здравствени проблеми.
„Тој е шокиран и од нехигиената во затворот, кој е преполн. Условите се мизерни, речиси нехумани. Во ќелиите е студено и речиси и да нема дневна светлина“, рекол извор близок до Бекер.