Денес пратеничката група на ВЛЕН, без пратениците на Алијансата за Албанците од крилото на Арбен Таравари, испратило официјално барање до претседателот на Собранието, Африм Гаши, за промена на координаторот на пратеничката група на ВЛЕН. На барањето се потпишани девет пратеници.
Како што пренесуваат дел од медиумите во земјава на албански јазик, наместо пратеникот Халил Снопче, за координатор на пратеничката група на Влен е избран пратеникот Беким Ќоку кој доаѓа од редовите на косовското движење Самоопределување.
Пратениците Мерита Колчи Коџаџику и Аднан Азизи се избрани за заменици координатори на пратеничката група на ВЛЕН.
Се уште не е познато колку пратеници од крилото на Таравари ќе продолжат со него во опозициските клупи или ќе останат во редовите на владината коалиција составена од четири партии од албанскиот блок. За денеска беше најавена и оставката на министерот за здравство, но, како што претходно информира спикерот Гаши, се уште не пристигнала до неговиот кабинет.