Актуелно
Почетна / Сцена / Бекстрит бојс признаа: Песната I Want It That Way нема никаква смисла

Бекстрит бојс признаа: Песната I Want It That Way нема никаква смисла

Песната I Want It That Way на американскиот бој бенд Бекстрит Бојс беше голем хит во 1999 година, а многумина ја пејат и денес. И додека албумот Милениум се продаваше во милиони копии со таа песна како главен сингл, критичарите и фановите се прашуваа што значат стиховите кои за многумина немаа никаква смисла. Момците од бендот конечно признаа дека не постои никакво тајно значење.

„Песната нема никаква смисла. Постоеше потполно различна верзија на месната која имаше смисла, но на крајот сите се одлучивме за оваа другата верзија, бидејќи да имаше смисла песната немаше да стане хит“, објасни низ смеење А.Ј. МекЛин за време на гостувањето во шоуто Watch What Happens Live.

Прашањето кое сите ги интересира било поставено од еден омжавател на бендот, а водителот се пофали и рече дека и тој истото се прашувал.

Друг обожавател праша дали е вистина дека познатиот актер Рајан Гослинг за малце ќе станел нивен член.

„кога го формиравме бендот, Рајан живееше во истата зграда каде и јас. Секој ден заедно игравме кошарка и во една прилика ми рече дека Бекстрит бојс никогаш нема да станат популарни. Не испадна така“, рекол А.Ј.

Тој додал дека Рајан никогаш не дошол на аудиција да стане член од бендот ниту сакал и дека медиумите се криво разбрале.

Бекстрит бојс работат и денеска и моментално се на голема турнеја.

loading...