Во моментов ги собираме сите информации за увозот и дистрибуцијата на сомнителниот мазут и кога ќе ги имаме сите податоци ќе ја информираме јавноста. Ако не се реализирани сите процедури согласно правилникот за квалитет на течни горива и процедурите за увоз на нафтени деривати документите ќе му ги предадеме на Јавното обвинителство, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
-Потоа согласно законите Јавното обвинителство ќе покрене соодветни процедури, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање пред промоцијата на проектот „Национална платформа за женско претриемништво“.
Потенцира дека веднаш откако излезе истражувањето на ИРЛ, во координација со Кабинетот на вицепремиерот Љупчо Николовски, подготвиле заклучоци во Владата, кои, како што рече, веќе се усвоени.
-Сите институции, почнувајќи од Царинската управа и Државниот пазарен инспекторат, Министерството за економија, Инспекторатот за животна средина имаат обврска во роковите предвидени согласно заклучоците да ги достават сите информации, рече Бектеши.
Сите правилници на Министерството за економија, додаде, потполно се хармонизирани со барањата на Европската комисија и на Енергетската заедница и во делот на сулфурот и во делот на другите карактеристики кои се проверуваат согласно македонскиот стандард MKS X 430.
-Не е само еден параметар кој треба да се контролира, туку се седум или осум,прецизира Бектеши.