Министерот Крешник Бектеши попладнево е во посета општината Aрачиново.
Тој повика сите да ги почитуваат законите и да нема штета на снабдувањето со електрична енергија.
„Во секоја општина, па и во секое семејство има некои кои не ги почитуваат регулативите. Од понеделник екипите на ЕВН ќе дојдат, ќе работат на терен и ќе наплаќа“, рече Бектеши.
Министерот појасни дека МВР треба да реагира доколку има пријави за нелегани приклучоци како и за копање на криптовалути.
„И тие не сакаат да бидат црна точка и на ваков начин да се именуваат како крадци на струја тие не се крадци, но секако дека секоја институција како и ЕВН, министерствотот за економија и општината треба да им овозможиме непречено и праведно да се снабдуваат со струја, а МВР треба да реагира по пријави доколку има пријави за нелегани приклучоци за копање на криптовалути“, вели Бектеши