Бектеши бара опозицијата да придонесе за што побрзо имплементирање на петтиот сет мерки

од Vladimir Zorba

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска уште еднаш ја повика опозицијата да биде конструктивна и да овозможи донесување на законите во Собранието со цел што побрзо имплементирање на петтиот сет мерки.

Опозицијата да даде и придонес во подобрување на мерките доколку има идеи прифатливи за стопанските комори, апелира Бектеши.

Тој не смета дека законите ќе бидат заглавени во собраниските лавиринти, уверен е дека опозицијата тоа нема да го дозволи, но, сепак, оцени, можни се блокади во комисиите со поднесување дополнителни амандамни кои не би имале никаква врска со законските решенија.

-Сакам да ја повикам опозицијата да ги поддржи мерките кои се во полза на стопанството, вработените и граѓаните. Неколку од комисиите каде треба да се разгледаат овие законски решенија за да можат да се реализираат, а со кои заседаваат претставници од опозицијата, убеден сум дека тие ќе најдат сила за заеднички да работиме за побрзо да ги усвоиме законските решенија за да се имплементират мерките, истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања по отворањето на Петтата туристичка берза во Скопје.

Според Бектеши, ако правиме споредба со другите држави, земјава во моментов е речиси најотворена во делот на протоколите и рестриктивните мерки.

-Секако дека сме во контакт со сите соседни земји, разговараме. Убедени сме дека и преку вакви конференции и настани каде се вклучени сите чинители, ќе носиме што повеќе странски туристи. Во однос на аутгоинг туризмот, тоа не зависи само од нашата држава, туку и од другите земји каде нашите граѓани би сакале да ги поминат одморите, нагласи Бектеши.

Во претстојните месеци со државите ќе се разговара, рече, за рестриктивните мерки – тие да бидат идентични за граѓаните да можат да патуваат.

loading...

Слични содржини