Бектеши: Бројот на туристи зголемен за 56,6% за седум месеци

од Vladimir Zorba

Мерките на Министерството за економија даваат резултат, туризмот пополека се враќа во нормала. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на туристи во периодот јануари-јули 2021 година бележи раст од 56,6%, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил.

Во исто време бројот на ноќевања е зголемен за 46,6%. Во првите седум месеци годинава се регистрирани вкупно 317.713 туристи кои оствариле 1.034.645 ноќевања.

Имајки предвид дека во светски рамки туризмот беше една од најпогодените индустрии од пандемијата со Ковид 19, главниот фокус на Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за економија како надлежна институција за развој на туризмот беше да се подржат најпогодените сектори.

Фокусот беше во зачување на работни места во овој сектор и подршка на индустријата преку конкретни финансиски мерки.

Слични содржини