Министерот за економија, Крешник Бектеши ја поздрави одлуката на дел од компаниите што ги намалиле цените на месото и месните производи.
-Тоа го направија и пред месец март. Сме имале посети во тие компании. Во делот на месните производи кои се увезуваат, тоа ќе биде наредна мерка од Владата што ќе се анализира, рече Бектеши на денешната прес-конференција.
Тој потенцира дека нема да се дозволи поскапување во пресрет на претстојните празници.
Од 16 март се замрзнати цените на тестенините и млечните производи, а од 28 февруари е замрзната и цената на лебот. Тогаш, согласно владините одлуки, се укина и субвенционираната струја за компаниите од прехранбената индустрија.
Министерот Бектеши минатата недела најави дека во април се можни нови мерки во однос на цените.