170
Немам коментар за господинот Хајредини, имам почит за неговите години не сум слушнал дека тој е експерт во делот на енергетика па да дава коментариза енергетика, секако дека ги почитуваме сите мислења , можеме да порачаме дека тоа што сме го ветиле сме го исполниле, вели министерот за економија, крешник Бектеши во вестите на Сител.
Eкс министерот Џевдет Хајредини ја искоментира прес – конференцијата која вчера ја одржа министерот за економија, Крешник Бектеши за снабдувањето со електрична енергија во Арачиново.
„Бидејќи Бектеши нашол решение за струјата во Арачиново, тогаш не мора да плаќаат и другите. Ќе најде тој решение и за сите други“, пишува Хајредини на социјалните мрежи.