248
Одговарајќи на пратеничко прашање поставено од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, министерот за економија, Крешник Бектеши попладнево уште еднаш повтори дека новата цена на струјата ќе биде значително зголемена само за потрошувачите кои се во четвртиот тарифен блок.
-Грејат базени, копаат криптовалути. Го знаете и самиот Ј.К. Не е Јелена Карлеуша, туку вашиот што ве финансира. Денеска се жалите зошто ние ги браниме граѓаните во првиот, вториот и третиот блок. 36 мегавати да се троши месечно е 85 пати повеќе од просечно македонско семејство во државата“, кажа Бектеши од говорницата во Собранието.