Денот недела ќе биде неработен ден за сите работници, освен за одредени исклучоци за кои ќе биде дозволено работењето во недела и на празници, кажа денеска министерот за економија, Крешник Бектеши
– Во недела ќе можат да работат продавници за продажба на сладолед, колачи, апетисани, цвеќиња, сувенири, филигранство, весници и цигари во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност. Продавниците на бензиските станици, продавниците во трговските центри ќе можат да работат само една смена, а истото важи за продавниците за трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, како и во зелените пазари. Со овој закон е предвидено додатокот на плата за работа во недела ќе изнесува 100 проценти за секој час поминат на работа во недела и за празници. Исто така, за трговските субјекти кои ќе работат во недела се утврдува надоместок од 2 отсто од вкупниот приход остварен минатата година во недела и на празници, а тие средства ќе се инвестираат во детски градинки – рече Бектеши.