Бектеши: Досегашната помош за угостителите беше доволна, ги охрабрувам во протестите

од Nikola Popovski
201 прегледи

„Имаше директни грантови за угостителите со 4-тиот пакет мерки, но ниту една дејност нема да биде заборавена и со петтиот пакет мерки. Не се согласувам со ултиматумите, а секако ги охрабрувам на искажување на своето мислење преку протести“, изјави денес министерот за економија, Крешник Бектеши на новинарско прашање затоа што мисли за денешниот најавен протест од страна на сопствениците на ресторани и кафулиња.

Тој посочува дека досегашната помош за нив била доволна, имајќи ги во предвид нивните предлози кои биле доставени во Владата.

„8 месеци се плаќаат платите од државата, вклучувајќи го тука и угостителството. Секако ќе има и други олеснувања“, потенцира Бектеши.

Слични содржини