Бектеши: Февруари е клучен месец за усвојувањето на петтиот пакет економски мерки

314 прегледи

Февруари ќе биде клучен месец за реализација на мерките предвидени со петтиот пакет економска помош за граѓаните, и истиот треба да се усвои во Собранието по што ќе може да почне да се спроведува, посочи министерот за економија, Крешник Бектеши при посетата на скопската компанија Раде Кончар денеска.

„Убеден сум дека наредните законски решенија кои ќе произлегуваат од петтиот сет на економските мерки ќе бидат поддржани и од страна на опозицијата, бидејќи јавно кажуваат дека се за поддршка на граѓаните и на стопанството во целина“, истакна Бектеши.

Владата и сите кои учествуваат во економско социјалниот совет, додаде, сакаат да донесат што подобри мерки за да му излеземе во пресрет на стопанството, а особено на угостителскиот и туристичкиот сектор.

„Одредени мерки се предвидени и во петтиот сет економски мерки во делот на исплатана палати, но истовремено и со нудење бескаматни кредити и слично. Повеќето од барањата на угостителскиот и туристичкиот сектор ќе бидат прифатени. Како институција веќе сме направиле соодветни анализи и нема да останеме пасивни, но мерките ќе бидат во насока на проактивност и на институции, но и на угостителите. Сите тие кои кон крајот на 2021 година ќе покажат дополнителни резултати од претходните години вклучувајќи ги и 2019 и 2020 година ќе бидат повеќе помогнати. Тие кои ќе бидат пасивни ќе бидат помогнати како сите фирми кои ќе ги исполнат условите“, информираше министерот за економија.

Исто така, во таа насока тој најави и дека при крајот на првиот квартал од годинава ќе биде објавен јавниот повик за ваучерите за домашен туризам од страна на Министерството за економија.

Слични содржини