325
Министрите за економија и финансии, Крешник Бектеши и Фатмир Бесими биле во едно од возилата кое учествувало во сообраќајна несреќа пред зградата на Владата.
-Доцна попладнево, службеното возило со кое се превезував заедно со министерот за економија Крешник Бектеши на работен состанок во Владата беше учесник во сообраќајна незгода која се случи на крстосницата пред Владата. Освен материјална штета на возилата, за среќа нема потешко повредени лица. Дел од учесниците се здобија само со полесни повреди. На повредените им посакувам брзо оздравување, информира Бесими на својот Фејсбук профил.