Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со директорот на Дирекцијата за технолошко инндустриски развојни зони Јован Деспотовски од недела до вторник ќе бидат во работна посета на Белгија во рамки на официјалната посета на земјата на претседателот Стево Пендаровски.
Во рамки на посетата предвидено е склучување на договор за нова инвестиција во Технолошко индустриските развојни зони од Белгија.
Во економскиот дел од посетата исто така предвидени се и два бизнис форуми за презентација на инвестициските можности на Северна Македонија пред стопански комори од Брисел и Антверпен, како и средба со претставници на дијаспората на Северна Македонија во Белгија.