Бектеши и Ковачевски: РЕК Осломеј со најголемо производство на електрична енергија во последните 10 години

од Берта Китинска
118 прегледи

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска беше во посета на РЕК Осломеј, каде заедно со генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски ги посетија производните единици на термоелектраната и новото рудно наоѓалиште во рамките на РЕК Осломеј.

Министерот Бектеши се заблагодари на напорите на менаџментот на ЕСМ и сите вработени во термоелектраната Осломеј за да произведат доволни количини на електрична енергија се со цел непречена испорака на струја за домаќинствата и малите потрошувачи.

„Денеска заедно со директорот Ковачевски сме на терен да видиме како се одвива производството на електрична енергија во термоелектраната Осломеј во Кичево. Како Влада правиме големи напори од почетокот на енергетската криза, посебно со почетокот на грејната сезона да дадеме максимална финансиска поддршка за ЕСМ, да го зголеми домашното производство на електрична енергија за да не бидеме зависни од увоз, како и за субвенционирање на цената на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи , кажа министерот Бектеши.

Министерот додаде дека Владата донесе одлука за фиксна цена на електрична енергија за прехранбената индустрија, уччилиштата и водоснабдителните станици која ќе биде снабдена од ЕСМ.

„Донесовме одлука за дополнителна обврска на ЕСМ каде што основните и средните училишта, преработувачката индустрија, односно производителите на основни прехранбени производи, водоснабдителните станици да бидат снабдени со фиксни цени од 80 до 95 евра по мегават час и директно преку ЕСМ и на тој начин да влијаеме за справување со инфлацијата и намалување на цените на основните прехранбени производи“ кажа министерот.

Директорот на ЕСМ Васко Ковачевски кажа дека во изминатите години се направени значителни инвестиции во комбинатот со што е зголемен капацитетот на РЕК Осломеј и

оваа година е остварено најголемо производство на електрична енергија во комбинатот споредено во последните 10 години.

“За 10 месеци годинава има произведено 227 гигават часови, што во споредба со изминатите 10 години, најголем резултата што е постигнат. За споредба за истиот период во изминатите години производството било многу пониско, па така во 2015 година Осломеј произвел 81 GWh, во 2016 28 GWh, во 2017 30 GWh, во 2018 кога веќе влегуваме во одредени инвестиции и технички работи во термоелктраната, намерно го намаливме производството за да можат да се изведуваат тие работи, па така тогаш имаме 29 GWh, во 2019 -15 GWh, и 2020 -67 GWh“ кажа Ковачевски.

Што се однесува на производството, како што појасни директорот Ковачевски, намалена оваа година 2022 имаме за производство на еден мегават час произведена енергија најмала потрошувачка на мегават час од страна на јаглен, што е намалување за три пати.

„Цената на произведена мегават час електрична енергија во 2021 годинаа изнесувала 173 евра, во 2016 цената била 661 евро мегават час. Во 2022 година со зголемено производство на електрична енергија се планира да биде цената под 200 евра за маегават час“ кажа директорот.

Директорот исто така информираше и за новото наоѓалиште за јаглен во рамки на комбинатот Осломеј каде што е утврдено дека има околу два милиони тони јаглен

„Со концесијата за истражување од Министерството за економија постигнато е на терен да се ископа значајна количина земја со цел вршење на истражувањата, со тоа отскриени се околу 150 илјади тони јаглен, кој е наш и ни е на дофат и ќе биде искористен оваа грејна сезона“ кажа директорот Ковачевски и додаде дека за РЕК Осломеј е предвидена негова постепена и социјални праведна супституција со обновливи извори, пред се фотонапонски електрани, и тоа и се прави.

Слични содржини