Министерот за економија, Крешник Бектеши соопшти дека заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, советникот за млади и спорт во Владата, Ѓорѓи Тасев и амбасадорот на Северна Македонија во Украина Крум Ефремов ја посетиле компанијата Алкалоид Киев- подружница на фармацевтската компанија Алкалоид АД Скопје во Украина.
„Ова претставништво е одговорно за етички маркетинг и за промоција на производите на Алкалоид на украинскиот пазар. Алкалоид е извозно ориентирана компанија и околу 65% од своето производство го пласира на пазарите на речиси 40 земји, има околу 2.430 вработени од кои повеќе од 570 се вработени во подружниците надвор од Северна Македонија“, овјави Бектеши.
Тој им го честита љубилејот од 85 години на Алкалоид АД и им посака успех на менаџментот на Алкалоид Киев за реализација на идните планови.
„Министерството за економија како надлежно за меѓународните трговски односи на Северна Македонија секогаш ќе работи на создавање на поволни услови за работа на домашните компании во странство“, посочува Бектеши.