Бектеши и Пендаровски положија цвеќе на местото на трагичната автобуска несреќа во Бугарија

од Nikola Popovski
106 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши денеска положија цвеќе на местото каде што загинаа македонските граѓани при автобуската несреќа кај Струма.

-Почит за 45 македонски граѓани, кои трагично ги загубија животите во страшната автобуска несреќа на 23 ноември 2021 година. На автопатот „Струма“ во соседна Бугарија положив цвеќе на местото на автобуската несреќа, напиша претседателот на социјалните мрежи.

Слични содржини