Бектеши: Им се даваат задолженија на безбедносните институции да ги следат претставниците на Европскиот фронт

од Milan1
60 прегледи

Крешник Бектеши од ДУИ во емисијата на ТВ21 „Дејли Клик“ рече дека власта го крши Охридскиот рамковен договор и дека целта на Европскиот фронт, не е регионализација или кантонизација на Македонија туку целосна рамноправност.

Тој вели и дека  не се исклучени и протести.

„Што се однесува до конкретните мерки, најпрво ќе се анализираат различните опции кои потекнуваат од документите што се составени од меѓународни и домашни експерти, а потоа по многуте средби што ќе ги имаме со граѓаните, секако можам да излезе дека граѓаните бараат преку протести да го покажат своето незадоволство од оваа дискриминација на Албанците“, рече Бектеши.

Бектеши  откри и дека добиле информации внатре од владејачките партнери, дека им се даваат задолженија на безбедносните институции да ги следат претставниците на Европскиот фронт за активностите што ќе ги преземат во врска со најавените мерки за заштита на легитимноста .

„ВМРО, заедно со експоненти на ВРЕДИ, им дадоа задачи на одредени институции, главно институции поврзани со државната безбедност, па дури имаат и мејлови и наредби, со единствена цел да ги следат експонентите, кои во моментов се во опозиција, за инсинуациите на Мицкоски за каква било дестабилизација што може да се случи наесен, за мерките што можат да ги преземат, за тоа што планираат да се случи наесен. Од тука апелирам до нив да не се заморуваат премногу, да не трошат енергија со проблеми што самите си ги прават“, вели Бектеши.

Слични содржини