Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска најави и измени во делот на акциите на производиите кои можат да ги прават ланците маркети. Како што наведе, ќе има мала корекција и ќе бидат дозволени акции на производи заради уште пониски цени од гарантираната, односно акции за дополнително намалување.
Ми беше важно граѓаните да не бидат измамени, односно да се ставаат во заблуда, откако ќе бидат објавени одредени акции, кога ќе одат дома да видат дека рокот на траење е два дена и да имаат дополнителни трошоци бидејќи повеќе од 50 отсто од производите треба да ги фрлат. Такви акции нема да бидат дозволени, кажа Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.
Првиот човек во ресорот економија најави и состанок со производителите и дистрибутерите на пијалоци во државава со кои ќе дискустира за вклучување на овие производи во одлуките за поевтинување на производи што ги најави Владата.
Очекувам да имаме позитивен „фидбек“ и од нивна страна и со наредна одлука, освен хемиските производи, да бидат вклучени и пијалоците во намалувањето на цените до 30 ноември, посочи Бектеши.