Бектеши контра ССМ: Синдикалната кошничка не е 50.000 денари

од Nikola Popovski
172 прегледи

Министерот за економија, Крешник Бектеши смета дека има грешка во пресметката на минималната синдикална кошничка и поради тоа утре ќе побара средба со Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

-Утврдено е од моите советници дека има утврдено грешка во утврдувањето на минималната кошничка. Можеби е ненамерна или техничка грешка дека таа изнесува 50.000 денари. Кошничката не надминува 43.000 денари согласно методологијата што била претходно. Двапати се калкулира од август наваму со инфлацијата во методологијата и во сите елементи кои беа наведени во претходната методологија, порача денес Бектеши.

Тој порача дека како Влада се посветени во зголемување на платите и дополнително ќе креираат мерки, доколку има потреба.

-Ќе покажеме сите солидарност, најмалку погодени треба да бидат граѓаните, бидејќи ние работиме за нив, истакна министерот за економија.

Минималните трошоци на четиричлено семејство во февруари изнесувале 50.909 денари, покажуваат анализите што пред неколку дена ги објави ССМ.

Според податоците од минималната потрошувачка кошничка, што ја изработува ССМ, најголем дел или 19.379 денари се трошат за храна и пијалоци, а 13.306 денари за комунални трошоци. За превоз минимум се потребни 3.679 денари, а за хигиени производи 3.154 денари.

Слични содржини