478
Ако сите ги почитуваме мерките, бројките ќе паднат и ќе има можност за олабавување на мерките, кажа денеска министерот за економија Крешник Бектеши кој очекува олабавување на рестриктивните мерки во претстојниот, зимски период доколку граѓаните и угостителските објекти ги почитуваат протоколите.
-Убеден сум дека ќе има олеснувања во зимскиот период ако вака се почитуваат мерките како сега, и од страна на угостителските објекти и од страна на граѓаните, но не можам да кажам дали ќе се укинат. Ние секогаш ќе ги почитуваме препораките на Комисијата за заразни болести, рече Бектеши.