Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција во Владата соопшти дека во 2023 година продолжува финансиската поддршка за домаќинствата за субвенционирање на сметките за електрична енергија на најранливите категории на граѓани.
-За оваа мерка се предвидени 60 милиони денари, односно еден милион евра. Предвидено е субвенционирање на сметката на електрична енергија на домаќинства со ниски приходи од 600 до 800 денари од сметката за струја. Согласно програмата за самец со приходи до 18.000 денари денари; за домаќинство со два члена до 25.000 денари; за домаќинство до три члена до 30.000 денари намалувањето на сметката ќе биде 600 денари, додека за домаќинство со четири члена со приходи до 36.000 денари; и за домаќинство со пет члена и повеќе члена до 43.000 денари намалувањето на сметката ќе биде 800 денари, информира Бектеши.
Исто така новина е што доколку овие домаќинства, појасни Бектеши, направат заштеда на електрична енергија од 10% споредено со истиот период минатата година, тогаш ќе имаат дополнително 200 до 300 денари намалување на сметката за електрична енергија во зависност од категоријата.