Министерот за економија Крешник Бектеши одржа средба со претставници од угостителскиот сектор во Тетово на која се дебатираше за најновите мерки на Владата кои стапуваат на сила од 16 август и се насочени кон спречување на ширење на коронавирусот.
Министерот Бектеши посочи дека имал конструктивен состанок со организацијата на угостителски објекти во однос на дполнителните мерки и епидемиолошката ситуација.
-Јас и претходно и сега во континуитет сум отворен за разговори за дополнителни идеи се со цел да придонесеме во подобрување на епидемиолошката ситуација и би сакал јавно да им се заблагодарам на сите сопственици на сите менаџери за конструктивноста во целиот период на паднемијата. Сега имаме нови мерки кои се донесени, ќе ги очекуваме резултатите кои ќе ги дадат новите мерки, сите се залагаме за почитување на протоколите и во организирање на свадби, и во други настани и прослави. Не зборуваме само за угостителски објкети кои организират само свадби и веселби, туку зборуваме и за ноќни барови, и за кафулиња кои организираат настани. Сите треба да ги почитуваат протоколите затоа што никогаш не може да се знае каде ќе има ново жариште, изјави Бектеши по средбата.