268
„Ако треба министерот ќе се вози со комбето и ќе врши контроли, но не сум јас тој што треба да го направи тоа. Таму има инспектори за таа работи“, вели министерот за економија, Крешник Бектеши за емисијата „Топ тема“, зборувајќи за увезениот токсичен мазут и контролата на горивата.
Според него, начинот на увоз е прашање за Царинската управа, која може да ги објасни.
„Сите процедури во делот на правилникот и во дефиницијата која е предвидена, се знае точно што е мазут. Предвидено е Одделение за истраги, кое можело да направи соодветни анализи, согласно дефиницијата за мазут“, додава Бектеши, дополнувајќи дека имало пропуст кај институциите кои користеле отпадно масло.