Директорот на Бирото за метрологија: Има отстапувања кај одредени бензиски пумпи, но генерално квалитетот на нафтата и мазутот се добри

од Vladimir Zorba
392 прегледи

Нафтените деривари кои се користат во Северна Македонија се со добар квалитет согласно правилникот за течни горива, кој е во согласност со оној на Европската унија. Тоа го посочи денеска министерот за економија Крешник Бектеши на одбележувањето на Денот на метрологијата – 20 мај.

Според ресорниот министер, Бирото за метрологија во чија надлежност се лабараториите за проверка на квалитетот во соработка со Државниот пазарен инспекторат проверуват дали дериватите на македонскиот пазар се во рамки на предвиденото во секој елемент од правилникот.

Директорот на Бирото за метрологија Абдил Селам Селами посочи дека располагаат со современа технологија, најавувајќи нови инвестиции во осовременување на лабараториите.

Во однос на квалитетот на нафтените деривати, појасни дека имало отстапувања кај одредени бензиски пумпи, но генерално квалитетот на нафтата и мазутот ги оцени како добри.

Слични содржини