Бектеши: Најголем дел од позајмицата од 900 милиони евра се за враќање на долговите од претходните влади

од Nikola Popovski
226 прегледи

Министерот за економија, Крешник Бектеши вечерва информира дека се бара голем дел од заемот од ММФ, кој е предвиден да изнсува 900 милиони евра, за враќање на долгови од претходните влади.

-Од најавената позајмица од 900 милиони евра, најголем дел од средствата ќе бидат наменети за враќање на долгови од претходните влади, појасни Бектеши.

Како што објаснува министерот, дел од овие средства ќе бидат искористени за нови мерки, за да им помогнат на граѓаните и компаниите, а посебно за социјалните категории.

-Сега проектираме нови 80 милиони евра повторно како директна помош за граѓаните и компаниите. Ние работиме напорно, за да им помогнеме на граѓаните, вели Бектеши.

Слични содржини