Бектеши: Намалувањето на производите е од 5 до 10%, има простор за уште

од Nikola Popovski
161 прегледи

Треба да бидеме искрени и на граѓаните да им ги кажеме информациите такви какви што се. 5% намалување на производ што е 30 денари е 1,5 денари. За да не правиме наслови дека има намалување само од еден денар. Од 150 денари ако е, намалувањето ќе биде 7 или 7,5 денари, во зависност од производот. Не значи дека сите производи ќе се намалат 10 денари. Треба да им се објасни на граѓаните дека станува збор за намалување од 5 до 10%, порача денеска министерот за економија, Крешник Бектеши на прес-конференција во владата.

Според неговите зборови, владата и министерството за економија се задоволни што има намалување на производите по одлуката за замрзнување на маржите до 30-ти септември.

-Дали има простор за уште намалување? Има простор, потенцира Бектеши.

Слични содржини