Бектеши: Не е фер во текот на 24 часа да има зголемување на цените од 80 проценти

од Берта Китинска
215 прегледи

Не е фер кон потрошувачите во текот на 24 часа да има зголемување на цените од 80 проценти кога нема зголемување на оперативните трошоци, ниту пак на суровините, изјави на денешната прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши, додавајќи дека мерките секогаш се носат во консултација со Стопанските комори.

– Цените на суровините државата ги следи при влезни фактури од страна на Царинската управа. Ние не сме забележале дека од 31 мај до 1 јуни толку се зголемени влезните фактури. Јас мислам дека доволно или повеќе од доволно е пет отсто да се има маржа за основни прехранбени производи во време на криза, истакна Бектеши.

Слични содржини