Бектеши: Не е во ред училиштата да се остават без снабдувач со електрична енергија

од Nikola Popovski
236 прегледи

2487 правни субјекти немаат договор за снабдување со електрична енергија. Ако паметите од почетокот на годинава, секогаш сме повикувале да склучуваат договори. Од тие, 60 се во надлежност на локалната власт. Не е во ред училиштата да се остават без снабдувач, вели министерот за економија, Крешник Бектеши.

Според него, ако немаш снабдувач, ако денешната цена е 400 евра, тогаш субјектите без снабдувач плаќаат 600 евра.

-Ако денеска ми се укинува договорот со снабдување на електричка енергија, ќе плаќам поголема цена. Никаква постапка не вршеле. Според мене и ова е злоупотреба на Буџетот, рече Бектеши и испрати критики.

Во однос на преговорите со официјална Софија за продажба на електрична енергија, Бектеши вели не се преговара со Бугарија за цени кои се на слободен пазар.

-Не можам да влезам во детали, затоа што не е договорено сѐ. Очекуваме договор од Бугарија, но тоа не зависи само од нас. Ние сакаме со сите соседи да соработуваме. Република Бугарија и БиХ се единствените кои имаат вишок на производство на електрична енергија, рече меѓу другото министерот во вестите на Тв Сител.

Бектеши апелира скопјани да не стравуваат дека ќе останат без топлинска енергија.

-Убеден сум дека ќе имаме договор за пониски цени, прецизира министерот.

Слични содржини