473
Што се однесува до домаќинствата сме предвиделе и во законот, постепена либерализација во делот на домаќинствата и секако ќе направиме напори цената на струјата да остане 36 евра од мегават, информира денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.
Според него, ситуацијата будно се следи и во делот на домаќинствата не очекуваме да има големи ценовни шокови.
-Веќе се преземаат соодветни мерки од страна на раководството на ЕСМ да се зголеми производството во РЕК Битола и во ТЕЦ Осломеј и убеден сум дека до крајот на годината речиси ќе се дуплираат капацитетите на ЕСМ во делот на производството од страна на термоелектраните, рече Бектеши.