Министерот за економија, Крешник Бектеши вечерва информира дека подобрена е ситуацијата од пред една недела во делот на снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи со електрична енергија.
-Согласно нашата регулатива, нашиот Закон за енергетика, кој беше донесе во 2019 година, ЕСМ има обврска 70% од потребите на универзалниот снабдувач да ги покрива со цел да имаме во континуитет регулативна цена за домаќинствата и малите потрошувачи, вели Бектеши во емисијата „Топ тема“.
Во однос на цената на струјата, министерот уште еднаш повтори дека до 1-ви јануари, нема да има промена во цената.
-За после тоа, имавме состаноци и веќе е зголемено производството на ЕСМ и важно е сите капацитети да се во функција. Убеден сум дека нема да има зголемување на цената на електричната енергија, процентуално како што кажуваат некои експерти и медиуми, појасни Бектеши.